Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Млекара Бучен Козјак ДОО, со производствени капацитети во Куманово е компанија која повеќе од 40 години се занимава со преработка и производство на млеко и млечни производи по традиционална рецептура.
Природниот вкус на производите е тоа што ја прави млекарницата препознатлива на пазарот. Долгогодишното постоење на „Бучен Козјак“ зборува за дисциплинираноста во работењето, а сето тоа е препознаено од страна на потрошувачите и е наградено со нивната доверба. Она што Бучен Козјак го прави препознатлив бренд е производството на квалитетни млечни производи кои се создаваат во креативна работна атмосфера.
Бучен Козјак ја негува својата политика за квалитет, посветено работи кон остварувањето на поставените цели и се стреми кон усовршувањето на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.
Бучен Козјак го проширува својот тим и е во потрага по динамични и енергични кандидати.
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
Локација: Куманово
Бучен Козјак вработува кандидати за следниве работни позиции:
Оператори во производство - течна програма;
Оператори во производство - тврда програма.
Работни услови:
Активно учество во подготовка за производство, полнење на млеко, амбалажирање на производи, асистенција на оператор/мајстор, одржување хигиена и други задачи дадени од претпоставен;
Способност за работа во смени;
Одржување на високо ниво на хигиена и пополнување чек листи;
Способност да манипулира со тежина од 20 кг.
Ние ви нудиме:
Почетна нето плата со додатоци за вработени без искуство од 28.000 - 33.000 денари, со можност за напредување;
Редовни месечни примања со сите додатоци по закон;
Исплата на регрес за годишен одмор;
Доплата за работа во недела и празници;
Доплата за минат труд;
Ваучер за склучување на брак;
Ваучер за новороденче;
Платен оброк;
Платен превоз;
Платено колективно здравствено осигурување 24/7;
Приватно здравствено осигурување за лојални вработени;
Јубилејни награди и признанија;
Пакет производи за празници;
Можност за учење и напредување.
Сите заинтересирани кандидати можат да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација, или да се јават ја достават својата апликација во фабриката во населба Доброшане.
Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.