Хајделберг Факултет во Скопје
објавува оглас за следната работна позиција:
МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР
Работни задачи и одговорности:
- Подготовка на маркетинг стратегија
- Вклученост во подготовка на концептот за настани од маркетинг аспект
- Креирање на дигитални содржини (креативи и текст) за дигитална промоција на настани и факултетот
- Креирање на содржини за соопштенија кон медиумите
- Водење и ажурирање на профилите на социјалните медиуми (Facebook, LinkedIn, Instagram)
- Следење на успешноста на маркетинг кампањите и анализа на резултатите
Потребни способности и вештини:
- Флексибилен и аналитички настроен способен за работа во тим и/или самостојно
- Креативен и иновативен мислител
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Одговорност, посветеност, ефикасност и организираност
- Мотивирана, стабилна, лојална личност со професионално и позитивно однесување на работното место
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност
- Познавање и работно искуство со социјални мрежи
- Познавање на програми за графички дизајн (photoshop, illustrator, indesign) ќе се смета за предност
- Солидно познавање на англиски јазик
Доколку сте заинтересирани да аплицирате, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со назнака на самиот документ “Оглас за Маркетинг координатор.