Vrabotuvanje.com - Технолог - Битола - ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Битола

Рок за пријавување:

  • ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО
  • Адреса: ул. Магдалена Антова бр.32, 1000 Скопје
  • Веб страна: http://industriservis.mk

 

Индустри Сервис, компанија специјализирана за организирана исхрана и индустриски кетеринг која е водечка во областа, отвара своја кујна во глобалната индустриска групација KROMBERG & SCHUBERT – Битола.

Задоволство ни е да ве поканиме да бидете дел од нашиот тим. Станете дел од нашата успешна приказна која ја раскажуваме веќе 22 години, во кои подготвивме над 20.000.000 оброци за нашите клиенти.

За таа цел имаме потреба од следниве работни позиции:

ТЕХНОЛОГ
 

ШТО НУДИМЕ:

  • Обезбедена континуирана обука и поддршка во сите работни процеси;
  • Обезбеден превоз за вработени од Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен;
  • Обезбеден топол оброк;
  • Исплата на годишен регрес (К-15);
  • Исплата на сите додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, трета смена, работа во недела, работа на празник);
  • Ваучер за склучен брак;
  • Слободен ден за роденден;
  • Колективно осигурување на вработените од незгода 24/7;

 

Апликациите испраќајте ги преку Брзата Апликација со назнака за работната позиција за која аплицирате.

Должности и одговорности:

  • Ги контролира техничко-технолошките процеси во кујната, вклучувајќи го просторот на објектот каде што се приготвува храната, ресторанот со линијата за послужување, магацинскиот простор со суровините и разладните уреди.
  • Превзема потребни активности за унапредување и осовременување на организацијата на работење за рационализација и реализација на угостителските услуги.
  • Одговорен за правилно спроведување на дефинираните процедури за работа, согласно имплементираниот ситем за управување со безбедноста на храната ISO 22000, и HACCP системот, како и негово континуирано надградување.
  • Одговорен за навремена имплементација на сите законски регулативи поврзани со безбедност на храна
  • Одговорен за обука за системите за квалитет и безбедност на храна за сите вработени и нововработени, водејќи грижа за правилно имплементирање на усвоените процедури за лична хигиена и здравствена состојба.

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование –Tехнолошки факултет/прехрамбено и биотехнолошко инженерство
  • Одлични организациски, аналитички и интерперсонални способности
  • Искуство со ситеми за управување со квалитет и безбедност на храна
  • Одговорност и доверливост
  • Прецизност и лична одговорност во работењето

Веб страна: http://industriservis.mk/

 

 
 
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде