ТРГОВСКИ ПРЕТСТАВНИК
Сидаја Фарма Македонија е компанија со долго годишна историја. Нашиот бизнис е концентриран во повеќе главни категории – дијагностички тестови, дијагностички уреди, респираторна нега, додатоци во исхраната, во кои сме претставени од водечки брендови како SureCheck, Sendo, Selenogin, итн. бараат мотивиран вработен за работно место „Трговски преставник“за Скопје и источна Македонија за продажба на медицински средства и додатоци во исхраната.
Опис на работата и одговорности:
- Развива односи со партнерите и го следи зголемувањето на продажбата и подобрувањето на услугите;
- Промоција, презентација на нови производи на компанијата, прифаќа и го следи реализирањето на нарачките од клиентите;
- Развива и надградува дистрибуција во доверената област за различни групи производи;
- Ги планира своите активности согласно продажниот план за остварување на поставените цели;
- Ги следи и анализира пазарните процеси во својата област;
- Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион.
Потребни квалификации, вештини и способности:
- Високо образование;
- Работно искуство од најмалку една година во областа;
- Познавање на MS Office;
- Одлични организациски способности и вештини на планирање
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Позитивно размислување, самодисциплина, ефективно управување со времето и територијата.
- Флексибилност и иницијатива во односите со клиентите.
- Одлично познавање на англиски јазик
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија)
Компанијата нуди:
- Многу добро наградување, поврзано со резултатите,
- Обука на компанијата,
- Службено возило и мобилен телефон,
- Млад и ентузијастички тим,
- Стимулирачка работна средина.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате условите за работното место, можете да поднесете CV и да учествувате на конкурсот.Ние гарантираме целосна доверливост.
Сакаме да ве информираме дека при аплицирањето за позицијата, доброволно ги испраќате вашите лични податоци и ние ќе ги обработиме за следните цели: избор на кандидати и регрутирање на кадар за оваа позиција; избор на кандидати и регрутирање за други слични позиции во компанијата, освен ако експлицитно не го наведете вашето несогласување. Личните податоци обезбедени за овие цели ќе се чуваат до шест месеци од датумот на нивното доставување и нема да се пренесуваат, освен во случаите предвидени со закон. Имате право да пристапите и да побарате бришење, исправка или блокирање на вашите лични податоци доколку обработката не ги исполнува барањата на важечкиот закон или ги надминува наведените цели.
Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.