Сменоводител во производство
Распишуваме оглас за работните места: Сменоводител
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации.
Лични карактеристики на кандидатот:
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Способност за самостојна и тимска работа.
- Ја организира и обезбедува синхронизираноста и континуитетот на смената, преку контрола на работата на сите оператори на производната линија
- Обезбедува непрекинато квалитетно одвивање на технолошкиот процес
- Прави секојдневна организација и координација на вработените по работни позиции и по работни смени;
- Се грижи за безбедноста и дисциплината на вработените во погон
- Организира подготовка на сите смеси и подобрувачи за рецептурите за тековната смена и прави проверка на сите операторски места;
- Прави требување на потребни количини на производство на тековната смена;
- Да води грижа од работниот тим кој што го предводи, Предлага мерки за подобрување на процесот на производство
- Врши контрола на водењето на записите поврзани со производниот процес и врз база на истите прави анализа и креира извештаи кои ги доставува до претпоставените лица;
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?
Ги очекуваме вашите апликации со цел да се придружите на нашиот тим!
Локација: ул. 532 бр.150 Марино, Илинден.
Телефон за контакт 079 333 313 и на office@gfc.mk