Визијата на БИСИ е да создадеме препознатлив бренд во градежништвото, кој на пазарот ќе се истакнува по својата уникатна архитектура и понуда на ПРЕМИУМ станбени и деловни објекти.
Мисијата на БИСИ е да им понудиме на клиентите високо квалитетен производ, кој вклучува изградба на станови и деловен простор по највисоки стандарди, со најсофистицирани материјали, на ексклузивни и атрактивни локации.
За нашата канцеларија во Скопје, објавуваме работна позиција за:
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР - Надзор при изведба на објекти од високоградба со соодветно работно искуство
главни одговорности:
- Раководење со објект, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба.
- Во текот на извршувањето на договорените работи да контактира со инвеститорот, надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби.
- Надгледување на развојот на проектот и да им даде насоки кога е потребно.
- Оценка на напредокот и подготвување на детални извештаи за Управителот и Инвеститорот.
- Обезбедување на придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди.
- Познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и нивните промени.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС – Градежен факултет – Градежен инженер со овластување А за изведба или Б за изведба.
- Искуство во изведба на проекти од високоградба.
- Одлично познавање на AutoCad и апликациите од MS Office пакетот.
Плата по договор.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на мејлот cvrabotuvanje@gmail.com
Контакт телефон 070-478-903.