Клими.мк како реномиран бренд на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ поради проширување на продажниот тим објавува оглас за отворени работни места на позиција продажба во продажно/изложбениот салон лоциран во трговски центар BLISS Mall & Retail Park Битола.
ОПИС НА ЗАДАЧИ:
- Директна презентација на производите од портфолиото на нашиот бренд.
- Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети
- Комуникација преку е-маил, телефонски и преку социјални медиуми на прашањата од страна на крајните корисници, обезбедување на потребните информации барани од страна на клиентите.
- Обезбедување квалитетна поддршка/едукација кон крајните корисници и помош поврзани со производите кои ги нудиме.
БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
- Минимум средно завршено образование
- Одлични комуникациски и развиени презентерски способности
- Познавање на работа со компјутери, интернет и социјални медиуми.
- Посветеност кон работата и обезбедување на високо корисничко задоволство
- Основно познавање на производите кои ги нудиме како што се резиденцијани клима уреди.
- Познавање на Англиски јазик
- Претходно работно искуство во областа на белата техника и/или климатизацијата ќе се смета за предност.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата наведени погоре ве молиме испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација.