Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.
Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.
Администратор за тендерско работење
еден ИЗВРШИТЕЛ
Потребни вештини и способности:
- Комуникациски и презентерски вештини
- Професионален однос кон клиенти
- Организациски вештини, љубезност и позитивност
- Флексибилност за работа на терен
Одговорности и задачи:
- Изработка на тендерска документација (техничка и административна)
- Секојдневно следење на активни тендери во земјата и регионот и проследување на информација до тимот
- Изработка и следење на договори.
Потребни квалификации:
- ВСС Економски/ Правен факултет
- Претходно работно искуство со проекти, следење и управување со тендери
- Одлично познавање на Microsoft Office
- Работа со компјутери и Word, Excel, Outlook, Internet.
- Познавање на Закон за јавни набавки
- Возачка дозвола Б- категорија – активен возач
Ние нудиме:
- Редовна плата + бонуси од сработеното
- Службен телефон и службено возило
- Обезбедена обука
- Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации на: www.rikomak.mk