Rikomak Copier Service ги бележи своите скромни почетоци од 1991 година, како единствен снабдувач, увозник, и сервисен центар на Nashua фотокопири во Република Македонија. Со зголемената побарувачка на решенија за печатење и копирање, во комбинација со професионализам и стручност на сервисниот центар, компанијата доживеа раст, a притоа континуирано го одржа нивото на квалитет.
Ја задржавме нашата позиција на пазарот со нагласување на важноста на квалитетот за нашиот бизнис, на исто ниво како и нашите ценети клиенти. Во суштина, ние се стремиме да им обезбедиме производи и услуги кои ги задоволуваат и дури ги надминуваат нивните очекувања.
Посветени сме на континуирано усовршување и имаме воспоставено систем за управување со квалитет кој обезбедува рамка за мерење и подобрување на нашите перформанси.
Продажен агент
еден ИЗВРШИТЕЛ
Одговорности:
- Проактивност во продажба поради постигнување на продажни цели;
- Давање на прецизни информации на корисникот за цени,производи и услуги;
- Активно слушање на корисникот и разбирање на потребата на корисникот;
- Едукација на корисникот за новите производи на компанијата.
Потребни квалификации:
- Минимум 4ти степен на стручна подготовка ;
- Работа на компјутер (Microsoft Office);
- Ориентираност на продажба и резултати;
- Добра комуникација и тимска ориентација.
Ние нудиме:
- Редовна плата + бонуси од сработеното
- Службен телефон и службено возило
- Обезбедена обука
- Работно време од понеделник до петок 08:00 - 16:30ч
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил,
пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации на: www.rikomak.mk