Бараме:
ЈУНИОР РЕВИЗОР(м/ж)
- 2 извршители
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ(м/ж)
1 извршител
За нас:
Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски е правен наследник на Друштвото за ревизија Б и Љ, Боро и Љупчо ДОО, основано во 1994 година како прво ревизорско друштво и е на пазарот повеќе од 25 години. Во 2019 година станува член на меѓународната мрежа за ревизија, сметководство и консалтинг Russell Bedford International.
Russell Bedford International е глобална мрежа на независни фирми сметководители, ревизори, даночни советници и деловни консултанти. Рангирана е како една од најголемите мрежни сметководтсвени мрежи.
Russell Bedford е претставена од околу 700 Партнери, 6500 вработени и 350 канцеларии во 100 земји низ цела Европа, Америка, Средниот Исток, Африка, Индискиот под-континент и Азија – Пацифик.
Јуниор Ревизор:
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Нема потреба да има искуство
- Нудиме обука во областа на ревизијата
- Задолжително завршено економски факултет
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање на ms word, excel
- Б категорија на возачка дозвола
НИЕ НУДИМЕ:
- Работа во 1 смена од Пон до Петок .
- 40 саати неделно
- Почетона плата од (нето) 28 000 (денари со можност за покачување по договор)
- Интернационални обуки во рамки на мрежата
- Редовни месечни примања
- Редовна исплата на к-15
Овластен Сметководител
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Потребно е да има лиценца (уверение) за овластен сметководител
- Потребно е познавање на MS Word, Excel
- Комплетно водење на сметководственото работење
- Пресметка на персонален данок, придонеси и пресметка на плата
- Внесување и евиденција на основни средства
- Книжење на фактури/изводи
- Распределба на финансии
- Самостојна изработка на завршни пресметки
- Подготовка и поднесувањена ДДВ пријава , Кипо
- Пресметки и уплати на сите месечни и периодични обврски кон државните институции
- Подготвување на финансиска документација потребна за банки или други институции
- Искуство со водење материјално сметководство, финансиско сметководство, производство
- Обработка на девизни изводи и пресметка на курсни разлики
- Изготвување на документација, пресметка и евидентирање на трошоци преку благајна
- Применување на сметки од аналитички сметковен план и изготвување на налози за книжење
- Водење на евиденција за набавка и продажба врз основа на документи
- Анализирање на дебитното, кредитното салдо, сметките на средства, обврски, приходи, расходи и капитал
- Регистри на основни средства и амортизација
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Вредна и одговорна личност
- Педантност и темелност
НИЕ НУДИМЕ:
- Платено редовно континуирано професионално усовршување (КПУ)
- редовни месечни примања
- Редовна исплата на К-15
- Плата по договор
Заинтересирани?
Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија преку полето Брза Апликација.