Vrabotuvanje.com - Заварувачи - Скопје - ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата. 

Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток постојано вложуваме напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбедиме од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија. 

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

ЗАВАРУВАЧИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
  • Солидно познавање на процесот на заварување со цел избегнување на било какви девијации и дилатации на материјалите
  • Изведување на заварени споеви со МИГ/МАГ Техника
  • Заварување на различни типови на материјали (алуминиум, нерѓосувачки челик, јагленороден челик, комбинација помеѓу нив)
  • Солидно познавање на можни дефекти во заварениот спој и нивно отстранување
  • Работа со аголни брусалици, со цел припрема на заварените споеви, дупчалка и гасен пламен
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Минимум средно образование од техничките струки 
  • Претходно работно искуство како Заварувач во производствена средина
  • Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Течно зборување и пишување на Македонски јазик
  • Поседување на А тест за заварување ќе се смета за предност
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот; 
  • Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода;
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;
  • Обезбеден превоз до/од работното место;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;
  • Бонус за препорачан пријател на работа;
  • Тим билдинг активности; 
 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на  www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”. 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде