ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Работно место: МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКА И ГОЛЕМОПРОДАЖБА
во одделот за големопродажба на нафтени деривати во „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје
Основни работни обврски:
- Планирање и спроведување на продажни активности од аспект на испорака на големо на нафтени деривати.
- Преговарање и склучување договори со договорни страни за големопродажба на нафтени деривати, масла и мазива, набавка на нафтени деривати од рафинерии. Организира снабдување на Друштвото (мрежата на БС и нафтената база) со нафтени деривати и ТНГ.
- Формирање и контрола на стратегија за продажба. Формирање на планови за набавка, продажба, нивна организација и контрола над исполнувањето.
- Управување со залихи на нафтени деривати на нафтена база. Формирање, реализација и корекција на план за испораки.
- Ефективна организација на првичната и вторичната логистика на транспорт на нафтени деривати и ТНГ производи, масла и адитиви.
- Формирање на ценовник на нафтени производи во големопродажба. Формирање на асортиманот и цените на масла и мазива.
- Подготовка, спроведување на тендерските постапки за избор на транспортни компании за превоз на нафтени деривати, масла и адитиви за потребите на Друштвото.
- Пратење на тендерските процедури за јавни набавки за нафтени деривати и ТНГ.
- Привлекување клиенти, анализа и мониторинг на пазарот на големопродажба на нафтени деривати и масла.
- Координација и соработката со транспортните и шпедитерските компании.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (Економски факултет), работно искуство во областа на продажба на нафтени деривати, работа во секторот најмалку 3 години;
- Познавање на англиски јазик и пожелно познавање на руски јазик;
- Напредно и активно познавање и користење на Word, Excel;
- Познавање на законски прописи поврзани со работење во трговија на нафтени деривати, Закон за трговија и Закон за заштита на потрошувачи;
Професионални знаења и способности
- Ориентираност кон скратени рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
- Одлични аналитички и комуникациски способности, прецизност, самостојност, уредност и одговорност;
- Мотивирана и стабилна личност;
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа.
Сите заинтересирани треба да достават кратка биографија (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки најдоцна до 03.11.2024 година.
Напомена: