Vrabotuvanje.com - Електричар (Одржување на кранови) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Електричар (Одржување на кранови)

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.

Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.

За потребите на одржувањето на крановите, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

Електричар (Одржување на кранови) 

Клучни одговорности:

  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на електрични компоненти и делови
  • Врши тековни и превентивни прегледи на крановите
  • Внимава на состојбата на опремата во поглед на електричната исправност и поставеност
  • Активно учествува во отстранувањето на дефекти од електро природа кои настануваат на крановите
  • Изведува електрични инсталации
  • Врши промена на утикачи и утикачни кутии, промена на сијалици, осигуричи, контрола на температура на лежаи на мотори, контрола на температура на трансформатори, контрола на ниво на уље и досипување, чистење на електрични мотори, нисконапонски табли и друга електрична опрема
  • Активно учество во плански санации и ремонти на крановите
  • Управува со автодигалка
  • Работи на одржување и извршува прегледи и контрола на дигалките и за констатираните недостатоци ги известува своите претпоставени
  • По налог на претпоставениот самостојно организира и врши поправки и ремонти на најсложените

Личен профил:

  • ССС/ Завршена електро-техничка струка
  • Можност за работа во 3 смени
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа 

Што нудиме:

Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци како преддоговорна активност или, доколку се согласите ќе ги чуваме во нашата база на кандидати. Вие можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време со испраќање на барање на електронската пошта: HRJobs.Skopje@libertysteelgroup.com. Повеќе информации можете да најдете во Известувањето за приватност за кандидати за вработување: https://libertysteelgroup.com/mk/vacancies/

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде