Колид С Тим е една од најголемите дистрибутивни компании во Македонија. Од нашето основање во 1994, нашиот извонреден раст и успех ги градиме на четири клучни столба: професионален тим, континуирана инвестиција во клучните ресурси, визионерски поглед и стратегиски фокус на задоволството на клиентите. Нашите искусни тимови испорачуваат извонредна услуга пресретнувајќи ги најсложените барања на големите системи, синџирите на продавници и другите трговци на мало. Покрај дистрибуцијата, нашите операции вклучуваат и сопствени производствени капацитети за нашите брендови како и синџир на продавници за малопродажба, кои заедно вработуваат над 400 посветени професионалци. Познати сме по нашата посветеност на одржливост и општествена одговорност и активно ги поддржуваме иницијативите на локалната заедница. Со основните вредности на флексибилност, пристапност, чесност и доверливост, тимот на Колид С Тим се гордее со пријателска, одговорна работна средина каде што нашите компетентни вработени секогаш се подготвени да пружат исклучителна услуга.
Бараме високо мотивиран и квалификуван Мерчендајзер да се приклучи на нашиот динамичен тим. Ако имате пасија за продажба, работа во тим, како и насоченост кон постигнување на резултати, би сакале да ве запознаеме.
Мерчандајзер/ка
За реон Скопје
Работни задачи:
- Подредување на производите по стандарди, следење и контролирање на нивните рокови (ФИФО метод), како и следење на залихата на производите во маркетите и во магацините
- Контролирање на продажните цени во маркетите и имплементација на договорените маркетинг активности (летоци, акции и слично)
- Позиционирање и истакнување на производите на дополнителни позиции
- Следење и известување за активности на конкуренција
- Изготвување на неделни презентации за мерчендајзери
- Други работни задачи по барање на претпоставен.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со вработените во маркетите и коминтентите
- Професионално однесување
- Организираност и аналитичност
- Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
- Работа и познавање на MS Office пакет
- Возачка дозвола Б – категорија
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност.
Што ќе ти понудиме:
- Работен ангажман на полно работно време
- Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
- Можност за личен и професионален развој, напредување на повисоки позиции согласно покажаните резултати
- Пакет производи за празници
- Исплата на регрес за годишен одмор
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject: Апликација за Мерчендајзер, најдоцна до 21.03.2025 год.
Напомена: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот.
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија, да ги испратат своите апликации, бидејќи
Колид С Тим нуди неограничени можности за сите неограничени иновативни идеи насочени кон резултати.