Испланирајте ја следната година за да можете максимално да го искористите слободното време. Во годината што следи ќе има четири продолжени викенди за сите граѓани, па искористете ги мудро!
Првиот е уште на почетокот на годината, кога Божик (7 јануари, петок) се спојува со викендот (за православните верници празничниот викенд почнува на 6 јануари во четврток). Потоа следи 25 април со вториот ден Велигден (за православните христијани викендот почнува од 22 април, петок), па продолжениот викенд за 1 и 2 мај (Денот на трудот, односно прв ден на Рамазан Бајрам), а последниот во октомври, кога неработниот ден за Денот на Македонската револуционерна борба, што е на 23 октомври, се префрла во понеделникот на 24 октомври.
Православните христијани имаат продолжен викенд и со 10 јуни, а католиците со 18 април.
Граѓаните припадници на ромската заедница имаат продолжен викенд со 8 април (петок), а на влашката со 23 мај (понеделник).
Министерството за труд и социјална политика ја објави Програмата на неработни денови за 2022 година, во согласност со Законот за празници:
За сите граѓани на РМ:
• 1 јануари (сабота), Нова година,
• 7 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден,
• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 2 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
• 2 август (вторник), Ден на Републиката,
• 8 септември (четврток), Ден на независноста,
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 8 декември (четврток), „Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од православна вероисповед:
• 6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),
• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед:
• 18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
• 9 јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:
• 27 јануари (четврток), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:
• 8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:
• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
• 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.
