Како е правилно: Сфати или свати?

Како е правилно: Сфати или свати?

12. 01. 2023.

Една од најчестите правописни грешки на кои наидуваме во секојдневието е погрешното пишување на глаголот сфати (разбере).

Би можело да ве интересира: Стапче за мешање на кафе - просто ама комплицирано: Знаете како се употребува?

Сфати има неколку значења.

Првото е да разбере, долови, проникне, навлезе во суштината на нешто.

Примери:

1. Таа сфати што се случило.

2. Некои луѓе не го сфатија предупредувањето.

Второто значење е запамети, усвои знаење.

Примери:

1. Ученикот брзо ги сфати првите лекции.

2. Децата лесно ја сфатија стихотворбата.

Глаголот сфаќа потекнува од глаголот фаќа.

Од друга страна, именката сваќа е од женски род и значи жена на сват или жена во својство на сват.

Примери:

„Сват со сваќа не се фаќа. Сфаќаш?“

Извор: kajgana.com