Др. Кристијан Ристовски е стоматолог со големо срце!
Уште од мал сакав да бидам забар! - вели Др.Кристијан Ристовски-стоматологот чија инспиративна приказна за работата со лица со посебни потреби, го потврдува правилото дека ако вистински силно си вљубен во сопствената професија, тогаш не постои пречка што не може да се прескокне ниту предизвик кој не може да се надмине.
Др. Ристовски во својата ординација со задоволство ги прима пациентите кои по некоја дефиниција се лица со посебни потреби но за него сосема еднакви како и сите останати, затоа што имањето блескава насмевка не смее да биде привилегија туку право за секого!
За неговите афинитети кон работа со деца но и со лица со посебни потреби станал свесен уште на студиите :
-Уште на клиничките вежби по детска стоматологија увидов дека многу добро ми оди комуникацијата со лицата со посебни потреби, а и низ животот се сретнав со повеќе лица со посебни потреби и со Даунов Синдром со кои успешно можев да комуницирам, а тие со задоволство ме прифаќаа кога гледаа дека и јас ги прифаќам нив како еднакви.
Др.Кристијан вели дека основата за да се почне работа со било кој пациент е довербата а кај лицата со посебни потреби всушност тоа е и најголемиот предизвик па дообјаснува.
-Некогаш не носиме униформи, некогаш само гледаме цртани и разгледуваме низ ординацијата, но секогаш гледаме на лицето со посебни потреби да му ја здобиеме довербата. Кога едно такво лице ќе почне да ви верува, можете да му изведете било каква процедура без поголеми потешкотии.
А откако ќе се стекне довeрбата тогаш др.Кристијан вели дека се е полесно па мирната рака која треба да ја има стоматологот е логичен след на стекнатат доверба.
-Кога знам дека пацентот има доверба тогаш и мене ми е полесно и поопуштено работам – заклучува Др.Ристевски
Последната успешна приказна е за една Бела која има Развојна Дисфазија (успорен говорен јазик), а која доби беспрекорна блескава порцеланска насмевка токму благодарение на довербата. Па др. Кристијан со задоволство и огромна радост ни го раскажа целиот процес:
- Уште пред првиот преглед со Бела, мајка и ми се јави на телефон да закаже и да ме информира детално за се поврзано со пациентката. Ме предупреди дека имала толку лошо искуство со 4 стоматолози во животот што е многу возможно да не сака ниту да влезе во ординацијата.
Но се случило сосема спротивното Бела уште на почетокот сакала да соработува, и со задоволство се врkала на секоја следна интервенција.
- Забите и беа доста запуштени, заради несоработување со други стоматолози и имаше потреба од посериозни интервенции лечење па и вадење на заби кои што таа за среќа ги издржа многу смирено вели др. Кристијан и заклучува:
- Можам со гордост да кажам дека процесот на санација и на реставрација на забалото на Изабела одеше како по учебник. Не беше посебно предизвикувачки да се соработува со неа и болните процедури беа изведени само со локална анестезија, популарно кажано со „боцкање“ . Ниту еден момент не беше толку тежок за да си ја погазам Хипократовата заклетва и да не и помогнам на пациентката која што има потреба од помош.
На крајот од оваа успешно звршена мисија др.Ристовски вели дека е горд на себе си заради две работи.
-Што успеав да помогнам на пациент кој имаше потреба од помош, а посебно што и после една така комплексна процедура со лечење и екстракција на неколку заби, девојчето со задоволство доаѓа на контрола и воопшто не ме доживува трауматично.
Ова убаво чувство е тоа што на др. Ристовски му дава верба во уште поубава иднина и моногу други успешни мисии па за своите идни планови ќе каже
-Секој пациент кој прошол низ вратите на мојата ординација е приказна за себе. Секогаш работиме на унапредување на начинот на работење и ги следиме новите светски трендови во стоматологијата.
А за моите планови, планирам секогаш да помагам на оние кои им треба помош, можеби и да го проширам мојот тим на стоматолози.
И бидејќи разговараме со стоматолог неминовно беше да го прашаме Има ли волшебна формула за да се надмине стравот од забар a дипломатскиот одговор на др.Кристијан Ристовски е во продолжение
-Добро одржување на оралната хигиена и редовни контроли на стоматолог би помогнале за рана детекција и минимално инвазивна реставрација на проблемите со забите, односно би го избегнале болниот дел, па тоа би било од голема помош да не изгледаме страшно и да не бидеме асоцирани со болка секогаш кога ќе не видат.
На крајот останува нашата благодарност за споделената приказна но и пораката која Др.Кристијан ја упати на сите идни стоматолози:
-Сакајте си ја својата професија, само со голема љубов кон работата може да се напредува. Сепак стоматологијата, а посебно детската стоматологија е работа која што се работи не само со раце, таа се работи со срце!
А ние заклучуваме Др.Кристијан Ристовски е стоматолог со големо срце!