Како до повеќе апликации на огласот?

Како до повеќе апликации на огласот?

25. 09. 2023.

Што прават потенцијалните кандидати пред да одлучат да аплицираат во вашата компанија?

Анкетата која ја спроведовме на сајтот, но и телефонски, ни укажа на податокот дека пред да одлучат да аплицираат, 80% од потенцијалните кандидати задолжително го пребаруваат профилот на компанијата, односно ги бараат сите основни податоци за истата. Локација, изглед, услови, работни простори, и сл.

Второ на ум за пребарување им се искуствата од сегашни и поранешни вработени.

Ретко некој пребарува додатни информации од други извори, а не се заинтересирани ниту кој е менаџменот и директор.

Повеќе за работната позиција пак пребаруваат 16%.

Со ова се потврдува дека наспроти понудените услови и потребни квалификации, во огласот потенцијалните кандидати сакаат да прочитаат и слушнат нешто повеќе и за компанијата, пред да донесат одлука да аплицираат.

Затоа ве повикуваме да ја користите услугата ПРОФИЛ на компанија на vrabotuvanje.com

Таму напишете ја вашата визија и мисија, историја, искуства на ваши вработени, покажете ги вашите простории и вашите успеси! Така вие одлучувате што прво ќе слушнат и ќе прочитаат вашите потенцијални кандидати. А првиот впечаток е најважен.

Искористете ја услугата ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈА со едноставен клик врз вашето лого од огласот.

Бидејќи нема втора шанса за прв впечаток!

Контактирајте не на 070305738.