УЈП ја објави најновата листа на должници!

УЈП ја објави најновата листа на должници!

02. 07. 2021.

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници бр.06/2021 за долгови доспеани до 28.02.2021 и неплатени до 31.05.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.06/2021 објавени се 1.697 должници – правни лица (повеќе за 12 од претходната листа) и 2.858 физички лица (помалку за 20 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2021 изнесува 8.152.059.673 денари, помалку за 519.108.895 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.019.448.830 денари (помалку за 434.444.456 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 132.610.843 денари (помалку за 84.664.439 денари од претходната листа).