Слаб интерес за попишувачи, се нуди хонорар од 45.000 денари

Слаб интерес за попишувачи, се нуди хонорар од 45.000 денари

19. 08. 2021.

Слаб интерес за попишувачи, се нуди хонорар од 45.000 денари

Поради пандемијата слаб е интересот за пријавување на реонски попишувачи. Рокот за пријавување на огласот е продолжен до 25 август а хонорарот за теренската активност се зголемува на 45.000 денари. Пописот мора да се спроведе во септември.

Заводот за статистика го продолжи рокот за пријавување на инструктори и реонски попишувачи. Се дава уште една шанса со зголемен хонорар до 45 000 денари. Најмал е интересот за скопксите општини.

Пописот ќе се врши по сите протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба. Пописот ќе се врши на отворено, во дворовите на куќите и на простор пред зградите. Лицата кои се во изолација ќе се попишуваат со посебни мерки.

Сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следниот линк: www.stat.gov.mk 

извор: telma.com.mk