Утре без вода неколку скопски улици

Утре без вода неколку скопски улици

25. 11. 2021.

Корисниците на дел од улиците „Максим Горки“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Лермонтова“ утре од 8.30 часот нема да имаат вода.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје причина за прекин во водоснабдувањето е дефект на приклучна цевка ф-80 милиметри на улицата „Максим Горки” 31.

Прекинот ќе трае до санација на дефектот.

Извор: slobodenpecat.mk