Volkswagen може да се купи онлајн во Германија

Volkswagen може да се купи онлајн во Германија

01. 05. 2022.

Од средината на април, во Германија може комплетно онлајн да се склучат договори за лизинг за електричните СУВ-модели ID.4 и ID.5

Volkswagen стартуваше со онлајн склучување договор за лизинг за електричните модели ID.4 и ID.5 во Германија. Подоцна ќе биде понуден и ID.3,а се планира онлајн-понудата да биде достапна и во други држави.

Според шефот за маркетинг, продажба и постропродажба Клаус Целмер, со можноста целата процедура околу лизингот на возило да биде завршена онлајн претставува клучен чекор во дигитализацијата на продажбата, што е дел од стратегијата Accelerate. Volkswagen е меѓу првите големи производители на автомобили, со онлајн-лизинг за возила што може да се конфигурираат по желба, односно не станува збор за возила на лагер.

Истражувањата на Volkswagen покажале дека две третини од клиентките и клиентите посакуваат можност за онлајн-постапка за да дојдат до својот нов автомобил. Шефот Целмер цени дека е важно на клиентите да им се понуди врвно искуство на купување автомобил по онлајн-постапка, исто како што тоа се постигнува во салоните на марката. „На тој начин ја зајакнуваме нашата конкурентност“, заклучува Целмер, кој од 1-ви јули го презема шефовското место во Skoda.

Новата понуда на Volkswagen Deutschland овозможува целосно и едноставно онлајн-доживување. Тоа почнува од конфигурацијата на возилото, преку избор на опциите за лизинг, до дигитално потпишување и склучување на договорот. Постапката може да се изврши на десктоп, таблет или телефон.

Онлајн-продажбата не ја заменува традиционалната продажба во салон. Целмер: „Салоните се и остануваат наш лик насочен кон клиентките и клиентите. Тие се незаменливи за личното и стручно советување“

Онлајн-лизингот за нови автомобили понатаму ќе се прошири и со можност за купување во готово и за кредитирање. Германската марка од крајот на минатата година ги нуди на онлајн-продажба новите и користени возила што се наоѓаат на лагер.

извор: emigriko.mk