Уште една земја од регионот ги укина сите ограничувања за Ковид-19

Уште една земја од регионот ги укина сите ограничувања за Ковид-19

01. 05. 2022.

Укината е и обврската за носење маска, но на сила останува препораката за носење маска во затворени простории

Албанија од денеска ги укинува ограничувањата кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во таа земја, пренесуваат агенциите.

Од денеска за влез во Албанија не е потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, негативен тест или потврда за прележан коронавирус, пишува „ABC News“.

Ноќните клубови повторно се отворени во Албанија, а забраната за емитување музика по 23 часот е укината.

Укината е и обврската за носење маска, но на сила останува препораката за носење маска во затворени простории, пишува медиумот.

извор: info.mk