Што покажа анкетата: Која е најпосакуваната македонска компанија за вработување?

Што покажа анкетата: Која е најпосакуваната македонска компанија за вработување?

16. 06. 2022.

Направивме анкета на оваа тема, а понудени опции беа дел од најголемите македонски компании. На анкетата одговориле 1.468 испитаници

Сте размислувале ли во која од поголемите македонски компании би се вработиле доколку имате можност? Направивме анкета на оваа тема, а понудени опции беа дел од најголемите македонски компании. На анкетата одговориле 1.468 испитаници. Еве ги резултатите:

1% од испитаниците се одлучиле за Млекара АД Битола, 2% за Прилепска Пиварница, по 3% за Зегин и А1 Македонија, а 4% би работеле во Витаминка.

Следна компанија на листата е Македонски Телеком, за која се изјасниле 7% од испитаниците. 8% од испитаниците би работеле во Пивара Скопје, а дел од коментарите на испитаниците се „Најдобра компанија со најдобри услови за работа. Една од посигурните компании во земјава.“

12% ја избрале ЕВН Македонија како компанија во која би работеле доколку имаат можност. „Одлични плати и работни услови“ - коментираат испитаниците.

За Макпетрол се изјасниле 14% од испитаниците. Во еден од коментарите за оваа компанија стои „Одлично организиран систем на работа“.

Дури 41% од испитаниците (601) се изјасниле дека би работеле во Алкалоид. Од многуте позитивни коментари издвојуваме: „Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе „благородна" работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да допринесам во иднина. „Затоа што е една од најдобрите и најодговорни фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот.“

5% ја избрале опцијата „Друга компанија“.

Сите одговори и коментари можете да ги видите на ЛИНКОТ.

Во тек е нашата нова анкета во која прашуваме: Кое е најнепристојното прашање на интервју за работа според вас? - Одговорете на ЛИНКОТ.