Граѓаните од социјално ранливи категории од Скопје може да аплицираат за субвенции за тротинети и велосипеди

Граѓаните од социјално ранливи категории од Скопје може да аплицираат за субвенции за тротинети и велосипеди

10. 12. 2022.

Градот Скопје најавува дека веќе е активен Јавниот повик за доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети за граѓани од социјално ранливи категории, невработени лица, вработени лица чии месечни примања не го надминуваат износот на минимална плата и пензионери со минимална пензија.

Субвенционирањето на велосипеди и електрични тротинети, како алтернативни превозни средства во градот, е практика веќе неколку години наназад, но сега за прв пат акцентот е ставен на социјално ранливи категории на граѓани со 100% субвенција.

Граѓаните ќе можат да достават фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2022 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 100% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 11.000 денари по лице, а  за електричниот тротинет,  не повеќе од 15.000 денари по лице, со вклучен  данок на личен доход. 

Повикот ќе биде отворен до 14.12.2022 година.

Би можело да ве интересира: Кои услови треба да ги исполните за да возите електричен тротинет во Македонија?

извор: skopjeinfo.mk