Ова денеска пред Советот на Општина Куманово го презентираше ракводителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.
Како што вели тој, ако во учебната 2020/2021 година во средните училишта во градот, имало 4.508 ученици, годинава таа бројка изнесува 4.126 ученици.
Би можело да ве интересира: Во првото полугодие 81 ученик од Штип се отпишале поради заминување во странство
– Училиштата имаат доволно просторни капацитети и опрема, но борјот на ученици се намалува. Во учебната 2020/2021 година од планирани 2.142 се запишале 1070 ученици или 49,95 отсто. Во учебната 2021/2022 од планирани 1.766 се запишале 1.063 ученици или 60,19 отсто. Тука влијание има пандемијата, знаете колку е лошо, но западноевропските земји беа затворени за пазар и родителтие на учениците беа тука, рече Јовановиќ.
Годинава исто така е аларамантна. Од предвидени 1.728 ученици се запишале само 956 или 55,32 отсто од планираниот број.
