Еден од луксузите е нарачувањето на храна, па сведете го тоана минимум или целосно елиминирајте го. Подгответе го оброкот за на работа ден претходно. Договорете се со цимерот или цимерката секој нека готви на неделно ниво.
Поделете ги задачите, но и парите. Заштедата секако ќе биде видлива, а доколку имате долгорочна цел како летен одмор – ќе бидете уште внимателни.
Парите што ви остануваат зачувајте ги на крајот на месецот во касичка. Можеби ќе можете да заштедите повеќе отколку што мислевте.
