Иако многумина го сфатија како шега, газдата инсистира дека е сериозен и ги наведува условите што кандидатите е пожелно да ги исполнуваат:
„Да се биде нормален човек, доколку случајно има психички проблеми, пожелно би било да има документација за неговата медицинска историја.
Пожелно е лицето да може да собира до 4 (2+2), но тоа не е неопходно.
Не треба да има возачка дозвола, доволно е да знае да се врати дома без помош на друго лице во радиус од 3 км од работа.
Мобилен телефон на тач не е потребен, може да се користи и со копчиња, се додека функционираат сите копчиња.
Од познавање на јазикот доволно е прв степен српски, а од писменост – доволнжо е познавање на 12-15 букви, кирилица или латиница.
„Услови за работа: Објектот не прокиснува за лицето постојано да остане суво. Во случај на големи грмотевици, зградата има громобран кој штити и од удари на гром.
Целата столарија добро се запечатува и во исто време ги заштитува вработените од провев.
Има излез за пожар како и противпожарни апарати од модерната генерација.
Објектот е направен од многу цврст материјал така што во случај на голем земјотрес може да издржи 7 степени според Рихтеровата скала или 9 степени Меркалиева скала.
„Должности: Да пристигне на време на адресата каде што се наоѓа објектот. Да се почитува смената која трае 8 за случајно да не се задржи подолго од 1 или 2 минути.
Да не се исклучува телевизорот или музиката додека е на работа и истиот да не свири гласно.
