Јавниот повик за субвенционирање ќе трае до исцрпување на средствата за оваа намена и ќе функционира по принципот „прв дојден, прв услужен“. Право на пријавување имаат сите заинтересирани физички лица кои се жители на Општина Карпош и ги исполнуваат следниве критериуми:
- Секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за полагање на стручен дел за возачка дозвола мора да е жител на Општина Карпош минимум три (3) години до денот на поднесување на барањето.
- Ќе се субвенционираат млади лица кои во 2023 година ќе наполнат 18 години, односно право на поднесување имаат сите млади лица кои во 2023 веќе имаат наполнето 18 години, вклучително и оние кои сѐ уште не наполниле 18 години, а се родени во 2005 година.
- Ќе се субвенционираат само оние лица кои ќе извршат уплата и ќе посетат обука за теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит за Б категорија, во авто школи кои се избрани преку Јавен повик со Одлука бр.11-1172/7 од 21.03.2023 година. Избрани авто школи се следните:
- Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје;
- Друштво за спроведување оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје - АМСМ;
- Друштво за туризам, транспорт и услуги БОБИЕМ ДООЕЛ Скопје;
- Друштво за сообраќај и услуги СИГУРНОСТ ГТБ ДООЕЛ Скопје;
- Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје;
- Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје;
- Друштво за сообрќајно воспитување ШКОРПИОН ЕДУКАЦИЈА Скопје;
- Друштво за промет на мало и големо и обука на возачи АВТОМАК ГОЦЕ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје;
- Ќе се субвенционираат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во авто школите на денот или по денот на објавување на Јавниот повик (28.03.2023).
Општина Карпош ќе покрие 100% од износот кои се наплатува за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија. Во случајов, истиот износ е утврден како минимална цена за обука во Правилникот за минимална цена, за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.
Оттука, поднесувањето на потребната документација ќе се одвива во две фази или поточно:
Прва фаза:
- Поднесување на Барање за издавање на Потврда за исполнување на услови за субвенционирање (се подигнува во архива на ул. „Радика“ бр. 9 барака 2 или на веб-страницата на општината) со Изјава за согласност за обработка на лични податоци, при што треба да се приложи и:
- копија од лична карта како доказ за жителство и година на раѓање,
- копија на лична карта од двајцата родители како доказ дека живеат минимум три (3) години во Општина Карпош.
Втора фаза:
- Барање за субвенционирање за поврат на 100% од вкупниот износ за теоретска и практична обука (по добивање на потврда за исполнување на критериуми)
- потврда за исполнување на критериуми издадена од Општина
Карпош, - оригинална фискална сметка за извршена уплата за теоретска и практична обука во автошколата,
- копија од трансакциска сметка.
По поднесувањето на документацијата, апликантите ќе бидат известени во писмена форма, дали ќе бидат корисници на средствата за субвенции за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола (Б категорија) од Општина Карпош. Правото на субвенција е еднократно, а за сите дополнителни информации, заинтересираните странки можат да се обратат во Секторот за развој на Општина Карпош, кај задолжените лица за контакт:
- Никола Димовски 076/299-175 и Драгана Божиновска 070/509-709.
Барање за издавање на Потврда за исполнување на услови за субвенционирање (тука).
Извор: kajgana.com
