„Седмица“ лани остварила приход од 4,2 милиони евра

„Седмица“ лани остварила приход од 4,2 милиони евра

04. 07. 2023.

Познатиот скопски фаст фуд бренд „Сендвичара 7“ лани остварил приход вреден 4,2 милиони евра, пишува „Фактор.мк“.

Компанијата со три сендвичари и еден скара ресторан постои 36 години и има 86 вработени. Добивката од продажбата на повеќе од милион плескавици лани на „Сендвичара 7“ и донела добивка од 734.000 евра. Нејзината профитна маргина лани е 17,5 отсто и е убедливо најдобра во споредба со другите два големи конкуренти кои имаат продажба на фаст фуд која се мери во милиони евра.

Според „Фактор.мк“ на второ место е „Пласет Донер“ кој минатата година остварил приход од 3,4 милиони евра а на трето место е „Ројал Бругер“ со приход од 1,8 милиони евра.

Извор: infomax.mk