Ресортот Соларис кој вклучува пет хотели и бројни пропратни содржини секоја година привлекува стотици туристи, а освен оние кои престојуваат таму, пристигнуваат и посетители кои доаѓаат само на еднодневно капење.
Така, гостите кои се паркирале буквално веднаш до морето биле изненадени кога сфатиле дека заборавиле на појавата на плима и осека и нивните автомобили завршиле во вода.
„Нашите гости паркираат кога е осека, но ги изненадува плимата“, напишале во објавата на страницата „Prometne zgode I nezgode“ која објавила фотографии од паркираните возила.
Некои во коментари се прашувале како воопшто е можно да се паркира веднаш до брегот, некои тврделе дека првиот ред до морето добил ново значење, а некои дека тоа не може да се случи во Италија, Словенија, Австрија и други земји.
