Со оглед на тоа дека Берген има просечно 12,7 врнежливи денови месечно и 8,8 милиметри врнежи дневно, „Hholidu“, го прогласиле вториот по големина град во Норвешка за најврнежлив град во Европа.

И не биле единствени кои го направиле тоа. Имено, туристичкиот одбор на градот Берген во своите маркетиншки активности честопати го спомнувале дождот, па дури го ставаат и на разгледниците.
Норвежаните не се плашат од дожд – впрочем, тие не веруваат во лошо време, само во личности која се облекле погрешно.
Напротив, тие ги охрабриле сите заинтересирани да ги посетат без разлика на временската прогноза – од нивните прекрасни паркови и фјордови до интересни музеи и галерии.
Зошто во Берген е толку врнежливо?
Берген има единствена географска положба. Се наоѓа на југозапад од Норвешка на брегот на Северното Море и е опкружен со 7 планини, што го прави чувствителен на долготрајни и обилни врнежи.

Најдолгото континуирано дождливо време во Берген било забележано на крајот од 2006 година и почетокот на 2007 година.
Дождот врнел дури 85 дена по ред – од 29 октомври до 21 јануари. Најдолгиот период на врнежи во летните месеци се случил во 1952 година, кога непрекинато паѓал дожд од 1 до 24 јуни.
Кога да го посетите Берген?
Кога е најдобро време за посета на Берген? Одговорот на ова прашање зависи од тоа какви се вашите планови, но веднаш треба да знаете дека ниту едно годишно време не е особено суво.

Во просек, Берген има најмалку дожд во јуни, а најмногу во октомври. Просечната температура во текот на летото се движи од 9,9 до 20,7 Целзиусови степени – со тоа што јули е најтопол месец.
Во текот на зимата очекувајте силен ветер, малку снег и просечни температури од-0,1 до-4,9 Целзиусови степени.

Доколку ви се пружи прилика да го посетите Берген, искористете ја. И најважно, не заборавајте да понесете чадор.



