Кога започнува зимското сметање на времето?

Кога започнува зимското сметање на времето?

02. 10. 2023.

Часовникoт се враќа наназад

Иако Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе унифицирано, тоа се уште не се случи.

Во Европа, вклучително и во Македонија, летното сметање на времето оваа година завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта меѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, односно на 2 часот наутро.