Работното време на 29 ноември 2023 (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи.
-Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје - коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информира владината прес-служба наведувајќи дека на скопските општини и на Град Скопје им се препорачува да ги спроведат заклучоците.
Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на Скопје, особено во Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар палас“.
