Купивте автомобил кој нема греење на воланот и седиштата, бидејќи живеете на некое потопло место или немавте дополнителни средства за да доплатите за такви детали.
Меѓутоа, тоа што не го знаете е дека вашиот автомобил всушност има греење во седиштата, односно вграден е целиот хардвер кој е потребен за да работи таа функција. Меѓутоа, таа функција не е активирана во „ECU“ (Electronic Control Unit) на вашиот автомобил.
Отклучување на функцијата
Меѓутоа, доаѓа февруари и вие тргате на скијање. Таму, секако, е студено и би било убаво да имате греење на воланот. Тука доаѓа претплатата. Вие преку својот автомобил го контактирате произведувачот и барате да „ја отклучи“ таа функција и – тој тоа го прави.
Секако, на ограничено време и за одредена надомест. И тоа се нарекува претплата. Како ќе изгледа тоа ни покажува „smart“, кој организирал тест-возење на својот модел #1 во снежните планини на Австрија.
„ECU“ автомобилите ќе може да активираат и деактивираат десетина функции и можности на автомобилите. Исто така ќе може да добијат дополнителна сила, видеосодржини или игри за деца, ограничување на максималната брзина, споделување на шифри за отклучување на возилото, телеметриски податоци …
