Имено, бојата укажува колку е груб или мек абразивниот слој на сунѓерот. Оваа разлика помага да се одреди за каков тип на сад или површина сунѓерот најдобро одговара, за да нема оштетување.
Жолт сунѓер: Тој е најмек и идеален за миење тенки стаклени садови и порцелан што лесно може да се изгребат.
Син сунѓер: Второто ниво. Оваа боја покажува дека сунѓерот е доволно нежен за да не ги оштети стаклените и пофините површини, но во истовреме ја отстранува и поситната нечистотија.
Црвен, портокалов, розов сунѓер: Овие сунѓери се средно абразивни и погодни за повеќенаменска употреба, вклучувајќи поцврсти дамки од садовите, но без опасност од гребење.
Зелен сунѓер: Ова е најтврдиот сунѓер наменет за отстранување запечени и исушени остатоци од храна. Овие сунѓери треба да се користат внимателно, особено на чувствителни површини.
Абразивниот слој, обично зелен или син на едната страна од сунѓерот, е клучен за ефикасно отстранување на нечистотијата. Зелениот слој, по правило е најгрубиот за некои површини, а синиот е дизајниран за да спречи гребење.
Редовното чистење и дезинфекција на сунѓерите, на пример во мешавина од вода и средство за хигиена, помага да се одржуваат сунѓерите во добра состојба и го продолжува нивниот рок на траење. Секако, тоа не може да се прави бесконечен број пати, така што по извесно користење, сунѓерот вообичаено се заменува со нов и ова е уште еден битен чекор за одржување на хигиената во кујната.
