Денес автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Денес автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

23. 10. 2024.

Денес автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од ЈСП Скопје соопштија дека денес, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација, кои ќе работат од 8 до 14 часот на Транспортен центар, во Ѓорче Петров и на Зелен пазар.

Жичницата на Водно ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.