Граѓанското здружение Привилег во соработка со официјалните институции на Австрија ја објави овогодинешната проширена листа на дефицитарни професии во земјата.
Имено, листата се прошири на 45 дефицитарни занимања, што е за 20 занимања повеќе во однос на минатата година.
Работниците од земјите кои не се членки на ЕУ можат да аплицираат за црвено-бело-црвена картка која се заснова на системот за бодување.
На листата со занимања се наоѓаат заварувачи, бравари, тесари, изолатери, керамичари, економисти за пресметка на плати...
Барањето за црвено-бело-црвена карта можат да го поднесат кандидати кои ги исполнуваат следните критериуми:
- стручно образование за едно од овие дефицитарни занимања (мора да се приложи диплома);
- задолжителна понуда за работа во Австрија за која ќе биде исплатена најмалку минимална плата пропишана со закон или колективен договор;
- потребен минимален број на бодови во бодовниот систем потребен за професионалците во дефицитарните занимања.
На листата со дефицитарни занимања за кои нема доволно домашна работна сила има и голем број професии за квалификувани работници, како што се металопреработувачите, машинските техничари, заварувачите, браварите, лимарите, техничарите за обработка на дрво итн.

ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНИМАЊА ЗА 2019 ГОДИНА
- Металостругачи;
- Машински техничари;
- Изолатери;
- Електротехничари-инженери за енергетика;
- Конструктори на земјоделска менахизација;
- Стругари;
- Други техничари за енергетика;
- Инженери за информатичка технологија;
- Мајстори за изработка на кровови;
- Заварувачи;
- Техничари од други општи области;
- Општи машински техничари;
- Општи бравари;
- Бетонирачи;
- Тесари;
- Електроинсталатери, електромонтери;
- Општи лимари;
- Автомеханичари;
- Алатничари;
- Инсталатери и монтери на цевки;
- Лакери;
- Градежни столари;
- Керамичари;
- Колари;
- Општи електромашински техничари;
- Тапацери;
- Машински обработувачи на дрво;
- Дипломирани медицински сестри / техничари кои започнале со нострификација до крајот на 2018 година;
- Градежни лимари;
- Техничари-инженери за организирање на работата и индустриски менаџмент;
- Автолимари за каросерија и фрижидер;
- Оптичари;
- Столари за градежна столарија и мебел;
- Готвачи;
- Општи подополагачи;
- Машинобравари;
- Градежни бравари;
- Општи техничари;
- Општи инженери за организирање на работни процеси;
- Општи машински механичари;
- Пластичари;
- Градежни инженери;
- Економисти за обработка на плати;
- Општи градежни техничари;
- Електротехничари по електромеханика.
