ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ - еве колку ќе чинат горивата од полноќ

ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ - еве колку ќе чинат горивата од полноќ

30. 09. 2019.

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, коишто ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ.

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, коишто ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.09.2019 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35% или за 27,50 $/ тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36% или за 20,70 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53% или за 21,35 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12% или за околу 16,20$/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,9670 ден/$ и е за 0,62% повисок од курсот на доларот (55,6238 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

извор: 24auto.mk