Во првото коло од наградната игра „Херцег нови те повикува“ беа извлечени летните аранжмани, кои ќе ги користат повеќе од 100 гости од Србија, БиХ, Македонија и Црна Гора, соопштија од општината Херцег Нови.
Во соопштението стои дека добитниците на наградите ќе престојуваат во хотели и апартмани со највисок квалитет.
Горд сум на фактот дека има огромен број на луѓе што го сакаат Херцег Нови, го гледаат како свој втор дом и не можат да дочкаат да се сретнеме на јадранското крајбрежје, рече претседателот на општината, Стеван Китиќ порачувајќи дека гостите ги очекуваат добри домаќини и пријатели.
Во првиот круг од наградната игра учествувале повеќе од 30.000 луѓе од 80 земји ширум светот кои се пријавија со желба да го поминат летото во Херцег Нови.
Најголем интерес е забележан во регионот, каде што беше и насочена кампањата па затоа 65 проценти од апликантите се од Србија, а 15 проценти од БиХ.
Херцег Нови реши да ја продолжи кампањата со тоа што на 15 јуни организира уште еден круг на доделување на бесплатни аранжмани во соработка со бројни хотелиери и приватни сопственици на апартмани.
Секој што сака да учествува треба да се пријави на веб страната www.hercegnovitezove.com и со тоа станува учесник во излекувањето кое ќе се одржи на 15 јуни. Во извлекувањето ќе учествуваат и учесниците кои веќе се пријавиле, но не добиле награда во првиот круг.

.jpg)