Дали ќе работат скијачките центри годинава?

Дали ќе работат скијачките центри годинава?

01. 12. 2020.

Комисијата за заразни болести го изнесе својот став

Скијачките центри оваа сезона ќе може да работат, но согласно протоколите за заштита од ковид-19.

Мислењето дека тие може да работат го дала Комисијата за заразни болести, а Владата денеска го прифатила, а меѓу аргументите тие да бидат отворени е тоа што жичарниците во ски-центрите не се со затворени гондоли.

Изменет е и протоколот за нивна работа во однос на редарската служба пред билетарите и ски-лифтовите со што се предвидува да се држи растојание од 1,5-2 метри. Угостителските објекти ќе работат само на отворен простор и со шалтерска продажба на прибор за еднократна употреба.

Извор:360