На денешната седница на ЕСС биле разгледани и работните верзии на законските измени на Законот за работни односи и на Законот за трговија, кои се однесуваат на решението недела, ден за неделен одмор.
Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска објаснила дека после повеќемесечна анализа на состојбата во стопанството и проценетите финансиски импликации, одлуката трговските центри да работат во недела е разумна и основана. Затоа, според неa, добро e тоа да биде регулирано во Законот за трговија, со конкретно дефинирана висина на надоместокот за работниците од трговијата кои ќе работат во недела.
Од Владата пак велат дека се предвидува работното време на трговските центри да биде од 10 до 18 часот, тоа значи дека во недела ќе биде ангажирана само една смена, поради што бројот на лицата кои ќе работат во недела ќе се преполови. Овие лица за работата во недела ќе добијат за 100 проценти повисока дневница.
Министерот за економија Крешник Бектеши, пред членовите на ЕСС ги елаборираше предложените измени на Законот за трговија и објасни дека начинот на кој ќе биде уредена работата во трговијата мора да биде уреден со Законот за трговија, а не со Законот за работни односи. На овој начин, нагласи тој, се зајакнува контролата над работодавачите, бидејќи се создаваат услови контрола покрај Државниот инспекторат за труд, да вршат и Управата за јавни приходи, како и Државен пазарен инспекторат.
Деталите ОВДЕ!
