Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Хрватска ќе мора да увезе дури 400.000 странски работници
Поради намалувањето на бројот на работоспособното население, Хрватска ќе мора да донесе голем број работници од странство, предупреди гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ.
-
Форбс започнува со работа во пет балкански земји на 14 ноември
United Media со гордост го објавува лансирањето на пет лиценцирани дигитални изданија на реномираниот глобален бизнис магазин FORBES почнувајќи од 14 ноември. Нови локации ќе бидат лансирани во Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
-
НАВАЛИ НАРОДЕ: Паѓа цената на половните автомобили во Германија
Ова се податоците презентирани во последниот извештај на Autoscout24, еден од најголемите сајтови за продажба на половни автомобили во Европа, кој додава дека покрај просечната цена, во опаѓање е и самата понуда.
-
Има огласи нема кандидати: Потрага по ХИГИЕНИЧАРИ И ОПШТИ РАБОТНИЦИ
Има повеќе од сто илјади невработени, а го нема потребниот кадар. Ова е состојбата на домашниот пазар на трудот, каде што во основата на проблемите се (не)стручноста и масовното иселување на работната сила.
-
А1 Македонија се вклучи во иницијативата “Social Day!” и ги отвори вратите за 15 млади и амбициозни средношколци
А1 Македонија со имплементација на ESG во својата стратегија се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување. Како дел од своето залагање кон заедницата компанијата се вклучи во иницијативата “Social Day!” и на еден ден им ги отвори вратите на 15 млади и амбициозни средношколци кои сакаат да се запознаат со работната култура и основите на работење на една корпорација.
-
Колку точно пари СЕ ПОТРОШЕНИ на автопатот Кичево - Охрид?
Досега е потрошено цело богатство за автопатот Кичево - Охрид од 56,7 километри, финансирано од кинеската „Ексим Банка“. Новиот извештај за работата на ЈП „Државни патишта“ во 2022 кој по одобрение од Владата e објавen деновиве, покажува дека до крајот на минатата година веќе биле потрошени околу 450 милиони евра.
-
Нов обид за спас на Железницата
Со парите треба да ѝ се помогне на Железницата да застане на нозе...
-
Од денес нови цени на горивата
Од 9.11.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-
Колку работни дозволи за странци се издадени во Македонија и од кои земји „увезуваме“ работници?
Странци од различни земји веќе работат во Македонија и тоа во повеќе сектори
-
Колку чини еврото денес?
Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?