Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Сè помалку млади на нивите, земјоделството влегува во криза
Во срцето на земјоделските области, каде што некогаш младоста беше главен погон на производствената сила, сега најчесто доминираат лица над 60 години.
-
Просечната нето-плата за февруари е 39.276 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година изнесува 39.276 денари, објави Државниот завод за статистика. Оттаму соопштија и дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 58.967 денари.
-
Повик за учество на средношколци од трета и четврта година на летен воен камп за млади во Црна Гора
Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за одбрана објави повик за учество на пет средношколци од Република Северна Македонија на летен воен камп за млади кој ќе се одржува од 24 јуни до 8 јули 2024 во Црна Гора заедно со средношколци од таа земја. Огласот е наменет за средношколци од трета и четврта година.
-
Мостот „Беласица“ издржа шест камиони тешки 208 тони, се чека целосно да биде пуштен
Професорот Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени (ИСОГКП) објави дека мостот „Беласица“ во Скопје успешно го издржал товарењето и дека е спремен да биде пуштен за сообраќај и за тешки товарни возила.
-
Автобусите на ЈСП „Скопје“ утре ќе возат по неделен возен ред
Oд ЈСП „Скопје“ информираат дека во текот на утрешниот ден жичницата на Водно нема да работи, а дежурни ќе бидат само две билетарници кои ќе работат од 7 до 14 часот
-
Нема да можете повеќе да јадете сладолед по полноќ во Милано?
Забраната за сладолед по полноќ наскоро ќе се дискутира во Милано во обид да се заштитат „мирот и спиењето“ на жителите.
-
Да се оданочат трите илјади најбогати во светот, а парите да одат директно кај сиромашните - еве го планот на една нобеловка
Богатите нации во светот неколку пати се согласија дека помагањето на сиромашните земји да се справат со последиците од климатските промени е приоритет - но досега не успеаја да создадат акционен план и да ги соберат потребните пари.
-
МВР за издавање лични документи ќе работи и утре
Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат утре 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 (среда) ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
-
ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу
Анализата на Државниот завод за статистка покажа дека вкупното работоспособно население на возраст помеѓу 15 и 17 години изнесува 61.211, од кои 51 отсто се машки, додека 49 проценти се женски.
-
Чистење, готвење, пеглање: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички
На огласи се бараат куќни помошнички и тоа најчесто за работа во Скопје. Како што е наведено во огласите, бараат жена која ќе се грижи за домот, ќе готви и ќе ја одржува хигиената.