Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
На Германија до 2030 година ќе ѝ недостасуваат 87.000 возачи на автобуси
Досега, автобуската индустрија во Германија претпоставуваше дека до 2030 година ќе има недостиг од околу 76.000 возачи на автобуси.
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест
Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека утре (17.02.2023), со почеток во 10.30 часот, поради најавен новинарски протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.
-
Кој е најефикасен начин да се најде работа?
Една неодамнешна студија сугерира дека иако пријателите можеби се првото нешто што ќе ви падне на ум кога барате работа, постои друга група на луѓе со кои треба да контактирате за да ги зголемите вашите шанси да добиете работа.
-
Возењето со електричен автомобил поскапо одошто со бензински, во моментов
Цените на се , суровините, енергенсите, исхраната, вртоглаво растат, па дури и возењето на електричен автомобил станува се поскапо…
-
Колку се безбедни од земјотреси градбите во Скопје?
Катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и стравичните информации што доаѓаат од таму, ја отворија дилемата за тоа колку се безбедни зградите во Македонија, особено во Скопје, каде урбанизацијата и е најголема.
-
Хаосот со ФЗО ги остава болните без лекови?!
Аптеките издаваат лекови „на слепо“
-
Граѓаните да аплицираат до крајот на месецот за субвенционирање на сметките за струја од 600 до 800 денари
Ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат, известува Министерството за економија.
-
ЕУ забранува автомобили на бензин и дизел после 2035 година
Европскиот парламент даде конечно одобрение за задолжителна примена на нулта стапка на емисија на штетни гасови од новите автомобили и комбија од 2035 година, што значи дека за 12 години отсега повеќе нема да може да се продаваат нови возила на бензин или дизел.
-
Прекин на водоснабдувањето кај корисниците во неколку скопски населби
Поради промена на затворач ф-600 мм во Парк шума Гази Баба, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици...
-
Минималната плата во март над 20 илјади денари
Економијата на земјата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП, се наведува во денешното соопштение на Владата.