Актуелно
Во рубриката актуелно ве информираме за сите новости кои се однесуваат на пазарот на трудот во Македонија и светот. Вработеноста, вработувањето, просечната плата и Законот за работни односи се теми кои редовно ги следиме и за кои секојдневно информираме. Барањето работа ќе ви биде значително полесен процес доколку сте информирани за новостите кои ние ви ги подготвуваме. Вестите за пазарот на трудот се идеални за луѓе кои бараат работа, работодавци, претприемачи и вработени професионалци. Многумина ќе ги интересира и како сме се посрамотиле на работа, дали одиме на работа настинати, дали ја работиме работата што ја сакаме, дали создаваме пријателства на работното место и какви се резултатите од популарните анкети објавени на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Информираме и за одредени вести од сферата на економијата и бизнисот, но најважното подрачје за нас останува пазарот на трудот. Тука се и актуелностите од сферата на човечките ресурси, условите за работа и најновите истражувања на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Најпопуларни теми се истражувањата за големината на платата, кој е најдобар работодавач во Македонија, дали сакаат македонските работници да работат во странство и останати полесни теми како што се уредност на работа и пиење кафе на работното место.
-
Зошто Венеција тоне? Еден од најубавите градови во светот би можел да исчезне
И претходно се споменувало дека Венеција до 2100 година ќе биде под вода, а некои од експертите сметаат дека таа тоне како последица на климатските промени.
-
Франција и Шпанија ќе забранат продажба на бензински и дизел возила по 2035 година
Франција и Шпанија се приклучија на иницијативата да се забрани продажба на бензински и дизел возила по 2035 година, пет години порано отколку што предвидуваше претходниот план
-
Дали противпожарните скали во зградите служат за складирање работи од дома? Што ако треба евакуација?
Велосипеди, мотоцикли и стар мебел се само дел од работите оставени на хоризонталните коридори во станбените згради. Се остава сè она што не му е потребно на едно домаќинство, без притоа да се води грижа дека со тоа се отежнува евакуацијата на граѓаните во случај на пожар. Хидранти нема или се оштетени, а во новите згради ги има сите елементи само при техничкиот прием на зградата, а потоа за краток период нема ништо.
-
Дали сепак ќе се превезуваат миленици во автобусите!?
Постои голема можност во иднина на сопствениците на мали домашни миленици да им се дозволи да ги превезуваат во автобус. Според резултатите базирани на анкетата која беше поставена, 1657 граѓани се изјаснија „ЗА“, а само 31 беа ПРОТИВ. Според иницијаторите, во ЈСП постои расположение за ваквиот предлог да биде прифатен.
-
Покрај зголемените пензии, дополнителна помош до 1.500 денари за пензионерите и до 3.000 денари месечно за загрозени категории на граѓани
Во парламентот помина одлуката за Финансиска поддршка до 3.000 денари месечно а различни категории на граѓаните, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон.
-
Над 170 печалбари добиле високи сметки за струја иако не биле во земјава!
Над 170 поплаки од печалбарите до Народниот правобранител за високите сметки за електрична енергија.
-
НОВ ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ТАВ МАКЕДОНИЈА!
работната позиција се однесува за Охрид!
-
Маск побара од вработените да се обврзат дека ќе работат многу и напорно или да си одат од „Твитер“
Илон Маск им порача на вработените во „Твитер“ дека мора да работат „долги часови со висок интензитет“ или да ја напуштат компанијата
-
Гужва во Скопје - истовремено се реконструираат неколку фреквентни сообраќајници
Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците.
-
Подгответе се: Делови од две скопски општини по пет часа ќе немаат струја
Поради закажани технички зафати во мрежата, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Бутел.