Филтерите за разубавување на фотографиите на социјалните мрежи и не се некој новитет, но овој пат тие значат прилагодување на козметичките брендови на условите што ги наметна пандемијата. Францускиот козметички бренд, L’Oreal најавува линија на филтри што користат виртуелна реалност, коишто ќе им помогнат на жените да изгледаат подобро додека имаат видео повик со колегите, претпоставените, соработниците, клиентите…
Таканаречените Signature face филтри можат да го отстранат заморот од лицето, да ги “испеглаат“ брчките, да додадат вештачки трепки, кармин и сенка за очи. Првиот сет во овој момент е бесплатно достапен на Instagram, Snapchat и Google Duo, a може да се користат и за Houseparty или Zoom.