Традиционално и оваа година, Скопје Сити Мол го организира големиот и единствен Late Night Shopping кој започнува денес и ќе трае до 24 јуни. На овој тридневен настан сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневно купување до полноќ, со попуст до -70% во повеќе од 120 локали.
Покрај шопингот со голем попуст, посетителите ќе можат да се опуштат со тридневната програма која нуди забава за сите вкусови и генерации. Многу музика, мода, танцување со професионалци, освежување со бесплатни коктели, како и несекојдневно модно шоу “Костими за капење 2018“, каде ќе може да се видат сите најнови модели на костими за капење кои се неизбежни за овој период од годината.
За веселата и разиграна атмосфера низ ходниците ќе се погрижат Dj Goce SAF, Dj Cvare, Dj Strike и други. За време на овој хепенинг ќе има и еден интересен спортски предизвик: Сити Мол заедно со Training room Skopje ќе го бараат најсилниот меѓу силните и ќе го наградат со ексклузивна вредна награда. Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња по намалени цени.
„Колку пати досега на шопинг, не ви било доволно времето за сѐ да разгледате и да пробате, а уште повеќе кога има огромни попусти на вашите омилени брендови? Токму затоа, „Late night shopping“ е викендот кога со забава, музика и весело летно расположение вие ќе можете да купувате сѐ до полноќ! Со „ноќниот шопинг“ го одбележуваме почетокот на летото, а секоја година создаваме сѐ побогата програма, големи попусти и забава за сите посетители. Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во летниот период, настан кадешто шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана.“ – велат организаторите.
Целосната листа на попусти и информации можете да ги погледнете на http://skopjecitymall.mk/lns/.
извор: факултети.мк
Вечерен шопинг во Скопје Сити Мол! Погледнете ја целосната листа на попусти
Aktualno
-
Заборавете на евтин одмор во Албанија – ова се цените на храната во Ксамил
Со зголемувањето на бројот на туристи, Албанија станува сè поскапа дестинација за македонските туристи.
-
Кардиолозите открија кој зеленчук го јадат секој ден
Редовното консумирање овошје и зеленчук е научно поврзано со намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести. Доколку не го јадете премногу често, време е да започнете, особено она што го препорачуваат кардиолозите.
-
Користите еден од овие PIN-ови? Променете го веднаш, бидејќи хакерите лесно можат да го погодат
Исто како што многу луѓе користат едноставни лозинки или исти лозинки за бројни онлајн профили бидејќи не можат да ги запомнат сите, луѓето често користат едноставни PIN-ови за да ги заштитат своите телефони, банкарски картички, сметки и друго.
-
Кои професии и типови на личност се повеќе склони кон “burnout“
Не мора да ја мразите вашата работа за да доживеете исцрпеност. Преголемата грижа за работата може да биде штетна и за вашето ментално здравје.
-
Времињата се променија: Младите во Македонија доцна стапуваат во брак
Во последните години се забележува значително намалување на бројот на склучени бракови кај лицата под 30 години во Македонија.
-
СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас, а колку во светот
Многумина реагираат на цените на такси услугите во Скопје.