Програмирањето е едно од најпопуларните занимања на денешницата и сè побројни се оние кои се одлучуваат за оваа професија.
Иако оваа бранша претежно ја сочинуваат мажи, малку е познат фактот дека првиот програмер во историјата e всушност жена.
Августа Ада Бајрон Лавлејс е родена на 10-ти декември 1815 година во Лондон и била единственото законско дете на познатиот поет Џорџ Гордон Бајрон, а мајка ѝ се викала Ен Изабел Милбанк.
Иако нејзиниот татко бил голем уметник и хедонист, Ада била талентирана за природни науки и се занимавала со математика, а уште во раната младост развила интерес за проектот за аналитичка машина.
Ада претежно се занимавала со она што денес би се нарекло софтверска апликација за аналитичка машина. Таа имала само 29 години кога нејзиното дело било објавено, а американското министерство за одбрана во 1979 година развил програмски јазик кој го носи нејзиното име - „ADA“.
Љубовта кон „програмирањето“, Лавлејс ја наследила од својата мајка која исто така ја интересирала математика. Кога Лорд Бајрон ги напуштил, само неколку месеци по раѓањето на Ада, таа во целост се насочила кон природните наука. Ѝ овозможила на ќерка си да стекне завидно образование, иако на почетокот на 19-от век интересот за математика и машини не бил „примерен“ за една жена.
Во 1836 година, кога имала само 19 години, Ада се венчала со Вилијам Кинг кој подоцна ја стекнал титулата гроф од Лавлејс. Всушност, Ада му
овозможила на Вилијам да стане член на Кралското друштво (за унапредување на знаењето од областа на природните науки). Со овој потег, Ада себеси си овозможила пристап до библиотеките кои на тогашните жени не им биле дозволени (грофот Вилијам препишувал написи за својата талентирана сопруга).
Во периодот од 1842 до 1843 година, Ада превела напис на италијанскиот математичар Луиџи Менабре за мотор, кој подоцна го дополнила со свои белешки. Таа своите белешки ги означила со букви од А до Г, а во последната белешка опишува алгоритам за аналитичкиот мотор за да ги пресмета броевите на Бернули. Овие белешки содржат нешто што се смета за прв компјутерски програм кој е всушност алгоритам енкодиран да функционира на машина.
Се смета дека токму тој е првиот алгоритам некогаш направен, со идеја да се примени на компјутер.
Најзначајниот предлог на Ада во таа белешка бил преносот на контрола и работа со циклуси, така што наредбите на програмот не би морале да се извршуваат по редоследот по кој се зададени, туку во зависност од текот на истиот. Ада предвидувала и можност за поопшти нешта (компонирање музика, графика), но и за пошироки научни примени.