АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 18.05.2022 година ќе врши исплата на дивиденда за 2021 година.
Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АДСкопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 21.04.2022 година.
Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2021 година,кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 13.05.2022 година.